А ете ми прикажуа, и тој исто како мене дошол момок овдеа, се закалуѓерил, вели, и ете дотерал да биде бег на чивлигот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да не фаќат теклив бегот на чифчијата, та јас оти да не кажам, рече Муарем и тргна да ги буди другите чифчии.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)