Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така во листата на Хадок ќе се најдат многу проклети зборови, најмногу од нив ќе бидат од светската мерценерија (мамелуците, зуавите, француските легионери и други мерценери во светот), како што ќе се случи и со поимот башибозук и со семантичките метаморфози што ќе ги доживее низ времињата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)