Затоа во Америка и се роди популарната уметност, уметност што алхемиски требаше лажното злато да го претвори во вистински пари, уметност создадена за да создаде нова модерна митологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа повисока средна класа, бидејќи поради крвната бариера никако не можеше да стане дел од старата Елита, но имаше пари, значи одредена моќ, мораше да создаде сопствена митологија, токму врз - монетарниот систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од средниот слој се формира еден специфичен слој, повисоката средна класа, која имаше тенденција кон припаѓање на елитната аристократија, и која едновремено стекнуваше свест дека веќе не ѝ припаѓа на масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)