барање (имн.) - нов (прид.)

Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како своевидно резиме, по вака спроведената студија, а врз основа на презентираните искуства на дел од македонските работници кои, во годините наназад, се одважија да водат работни спорови против своите работодавачи – можеме да ги нотираме следниве присутни проблеми, на чие отклонување активистите на ДСП „Ленка“ имаат намера поинтензивно да работат во периодот кој следи: 1) Недоволно познавање на работничките права Особено зачудува, а на моменти иритира и обескуражува, евидентната незаинтересираност на работниците за осознавањето, макар и на основните права од работен однос, а камоли пак за запознавањето со начините на нивна заштита и унапредување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. За скицирањето на денешните работнички проблеми Tuta est custodia, quae sibimet creditur. Најдобар чувар е оној кој сам си ја чува сопствената ствар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нè очекуваше Мајка токму со ова прашање да го оттргне од неговата внесеност во барањето нови аргументи со кои ќе ја подготви Мајка за големата одлука. – Не, не знам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)