Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Жолтото сонце се одсјајуваше од песокот околу бараките во кои беше сместено одделението за врски на четата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во канцеларијата на директорот Цвета се однесуваше слободно како во својата мала соба во бараката во која беше сместено бифето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе дојдеше одненадеж, како диво ветре, ќе дувнеше да ми соопшти оти во Домот за старци во Катланово директорот краде, дека во Негорска Бања ги трујат гостите со бајата, расипана храна, дека на министерот едикојси му ја запалил фотелјата заради нечесност, дека ја продава бараката во која живее, дека покојната сопруга Кона поначесто му доаѓа на сон и дека го вика, го кани кај неа и дека уште не е подготвен да оди, да си оди, зашто уште не му е времето и слично.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Полека се присеќаваше на животот преку море, на бараките во кои живееше парченце од срцето на и проколнатиот и благословениот Балкан: меѓу другите - Турци, Грци, Хрвати од Далмација, нешто малку Бугари и нешто македонци, глутница што двапати дневно се развлекуваше како тесто, бараки - фабрика, фабрика - бараки, човечки толпа од закрпи на тага, неутешност, страв, искушенија, пцости и песни донесени од далечини, бил во туѓа земја и го научил животот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чудно, наспроти неа, зад бараката во која сега е Дине Бочаровски, има куќа на четири ката, малтерисана и полна со пљачки по балконите што го чекаат сонцето за да се исушат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таа нова кујќа е една долга барака во која се чувала стока: во еден дел свињи, во друг краби, а имало и дел за коњи кои служеле за орање и влечење запреги.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Секој ден бараката во која беше сместен Иљо со Иљовица и со стариот, скоро неподвижен татко, беше оди ми, дојди ми.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мене ме ставија во оваа барака за да им се најдам навечер на постарите жени ако им се слоши, а преку ден помагам во бараките во кои се сместени децата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со неколку други жени ги учиме помалите да читаат и да пишуваат, поголемите ги учиме основи на математика, земјопис и историја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Помагам во бараките во кои се сместени децата доведени од домовите за сираци од Прага и Виена. Сега одам кај нив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стана. Ја стави својата рака на моето рамо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Идниот ден Отла ме однесе во една од бараките во кои беа сместени децата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја стави раката во џебот, јас помислив дека оттаму ќе извади цртеж со жена која стои на работ од некаква бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во просторијата во која влеговме десетици деца беа поделени во неколку групи, со секоја група имаше по една жена која им објаснуваше нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)