Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Секако, нови стилови на хипермажественоста се имале појавено кај геј-мажите многу порано, по Втората светска војна; изгледа во тој период се популаризирале преку новите друштвени мрежи што не сакајќи се создале благодарение на масовните мобилизации во војната и на баровите во крајбрежните градови што ги опслужувале припадниците на војската.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се сетив на мајка му на Мечка којашто мртва - пијана ја наоѓале по ноќните барови во странство, се сетив на Домот за деца без родители и ги стиснав забите за дане се расплачам гласно.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Над Баунти барот во ек е журка. Многу џин и многу досада.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)