Не забележав дали погледна угоре!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Осум илјади бакнежи и осум илјади нежности за тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Заспиваме среќни и се будиме среќни, знаеме дека сме сакани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со бакнежи и солзи, на големата и шумна минхенска станица, девојките се разделуваа. Нивната песна молкна уште пред Јасенице.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Млади парови – насмеани и гласовити, прегрнати во од си делат бакнежи и никој не им обрнува внимание и воопшто не им е гајле што и како мислат другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Еј, не се бакнавме! се сети и подзапре дури кај првиот свиок на скалите, ја крена слободната рака во знак на поздрав, испрати еден воздушен бакнеж и исчезна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)