Се топи бакарот во звучниот тас на езерото течејќи од сонцето кон нас но моравото небо од црниците на Радожда со пепелта своја се постила.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ќе видиш што е тоа капка мрак в очи, свилен бакар в коси.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И песокот во светлината што замираше имаше боја на растопен бакар во кој сега беше врежана пораката што секој човек од секое време може да ја прочита и вкуси низ годините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)