аџија (имн.) - и (сврз.)

Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По кожарот во авлијата влезе Керим Есад, аџија и ајан од Љуботен на Карадаг, кој се беше нашол во чаршијата, та ја чул веста за турчењето на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)