ат (имн.) - пазар (имн.)

Од половина нагоре голи, по целото тело, и преку гајќите, до стопалата на нозете премачкани со шарлаган, борачите тргнаа од Ат Пазар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе вие не си го држите зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа дотераа еден „наивен" кираџија што носел ориз од Штип и Кочани, кој исто така не се вратил назад во одајата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбраа дека го обесиле на ат пазар во Битола баш до шадрванот, каде што пазарџиите си ги појат добиците вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)