асоцијација (имн.) - на (предл.)

И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За асоцијациите на работниците и на работодавачите види повеќе во научно-истражувачката студија на д-р Здравко Савески, м-р Димитар Апасиев, Александар Ковачевски и Кире Василев: „Обезвреднување на трудот –  Анализа на трудово- правната легислатива во периодот на транзицијата“; Движење за социјална правда „Ленка“, Скопје, 2010; стр. 47-50.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејноста; а исто така е должен – на синдикатите и нивните претставници – да им овозможи навремено и успешно остварување на правата како и пристап до податоците важни за нивно оствару- вање (чл. 199, ст. 4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова се носи решение – кое има конститутивно дејство, бидејќи од тој момент асоцијацијата на работниците или на работодавачите се стекнува со правна и деловна способност (чл. 190-193, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според нив, поимот ‘sozethaia’ - во релација со попознатиот корен на ‘soma’ и ‘соматското’ - адекватно се однесува врз човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и по својот конституционен принцип (ребрата, што, прицврстени со нашиот ‘рбет, оформуваат повеќе од алузија на затвор со цврсти, поврзани решетки!), телото е непосредна асоцијација на кафезот, затворот, ќелијата. Стапица за птици!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)