Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Камилски тоа утро со излитената чанта уште од професорските денови појде кон Татковата куќа, на нов бој со зборот зандана, кој продолжуваше да буди семожни асоцијации во неговата глава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Игор Лозински, достоен на својата историска мисија, како спасител на луѓето од злокобната маларија, на вистината за Езерото и неговата вечност, предизвика вруток мисли и асоцијации во татковата свест.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Говореше за успешните зафати на угледната асоцијација во Босна, со надеж дека таа ќе се прошири и во другите краишта од орустошената поранешна Југославија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ми одговори дека нема такви паметници што го величат злото.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Му реков дека неговите асоцијации во врска со гипсената положба на Пеперутката не се хумани.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)