Паднаа од грчка страна три четири момчиња од Градешница и Старавина, а од бугарска падна Стојан на псалтот Кулета Куша од Витолишча а другите се разбегаа, бидејќи знаеја дека аскерот ќе дотрча на грмежите од пушките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
4. За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Борис подрипна од местото: — Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По овој срок аскерот ќе ја продолжи својата работа и власта не ќе има никаква милост спрема сите оние што не ќе се теслимат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не знаеме ли ние оти сето време до кога ќе се продолжува борбата со четите, турскиот аскер ќе граби, ќе силува и ќе му прави секакви други пакости на населението?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само волци кога ќе наближеа кон селото, или аскер ќе втрчаше на своите силни коњи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)