Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Избеганите се собраа Тановиот гроб. Бре што стана, бре како стана оваа работа што го нападна аскерот на ден пладнина? Одвај си ја собраа душата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А, еве како стана работата. Како што знаеме, дедот Јован Паленѕа бсше стар јатак на Толета и по настанот со Сивета во Старавина, Толе се прибра кај него и се провртка некоја и друга недела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се смирија пушките. Бимбашијата нареди и буријата засвире кај црквичето; го повика аскерот на збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не сургун, туку ќе те пратам аскер да бидеш, турски аскер на Кавказ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)