Коста, дебел и едноног артилерец во италијанската и во ДАГ, се потпре на патерицата и се загледа во девојката.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)