аргумент (имн.) - на (предл.)

Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во таков случај Делкасе планирал да ги изнесе „неделата“ на револуционерите, за да ги отстрани аргументите на интерпелаторот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние пренесуваме дел од атмосферата на судењето и ги изложуваме аргументите на оние што го бранат и напаѓаат овој контроверзен „уметничко-вандалски“ чин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Истото може да се најде во книгата „Ноуменологија на телото“, Табернакул, Скопје, 1994 ) 2 Oto, Klemm, "A History of Psychology", Transl. E. C. Wilm and R.Pinter, New York, Charles Scribner's and Sons, 1914, p.169, citirano vo: Klein,David, "The Concept of Consciousness", Universituy of Nebraska Press, Lincoln ѝ London, 1984, p.7 3 Margaret,Wilson,"Descartes", Routledge and Kegan Paul, London, 1978 (a), p.177-189 4 R.W.Sellars,"Aristotelian Philosophy of Mind",vo Philosophy for the Future, The Macmillan Co., 1949, p.569 Маргина 37 45 ~ Gесшрукциjа ~ /умешносш ~ 46 okno.mk пример 4 Aleksandar Brener Хроника на едно судење Руско-израелскиот уметник Александар Бренер во музеј со спреј, цртајќи зелен долар, ја испрска славната слика на Малевич, Бел крст на сиво, и со тоа, предвидливо, предизвика лавина реакции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фази се извадил за влакно, а тешко дека вицот нема да го сфатат и геј- и стрејт- публиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој геј- маж што ги напушта редовите на повластениот род и на посакуваниот родов стил, кој се спушта на недостоинствениот, абјектен статус на женче, теткица, пешко, кучка, женско петле, распалена кралица, врз себе ги навлекува лесниот потсмев и евтиниот презир и од стрејт- светот и од геј- светот – па уште и, колку што знае (и стравува), презирот од сопствениот љубовник.341
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако хомофобијата понекогаш дејствува не толку да ги угнетува хомосексуалците колку што да го варди однесувањето на хетеросексуалците и да ги тера еден со друг строго да се држат во согласност со наложеното од соодветните полови и родови улоги, од страв да не заличат настрани, можеби една од општествените функции на трансфобијата е да го варди однесувањето на лезбејките и на геј- мажите и преку терор да ги натера да му се потчинат на родовиот стил што се смета за соодветен за нивните полови. ‌А, се разбира, има и многу други лоши причини, покрај трансфобијата, геј- мажите денес без многу мислење да го отфрлат аргументот на Фелоус: сексизмот, мизогинијата, женственофобијата и/или некоја готовност ним да им се угодува; мачоизмот, снобизмот, срамот, одрекувањето, рефлексниот антиесенцијализам и најразличните други облици на постоунволскиот геј- ослободителен догматизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-научниците и геј-критичарите воопшто не се понесклони кон тоа од другите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)