апостол (имн.) - на (предл.)

Ни велиш оти си дошол кај нас со љубов и со чисто срце да ни проповедаш за Радосната Вест, како апостол на Христа, најблизок до Учителот во зборовите и во делата свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го најдоа во одајата и Јована, потпрен крај зидот: го држи Трајко и не му дава да проговори; ги наредија сите седумина како апостолите на иконостасот во црквата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)