Едно срце без љубов, едни очи без солзи, една душа без чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во хоризонтот на недостижното ме води студена рака на заскитан ангел во овој свет без ѕидови, па ова е свет на ранети ангели!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Едноставно да се биде човек во свет на хаос во кој ја проектираме хармонијата, човек кој во секоја пора од постоењето, низ олујата на времето ја бара својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да се биде жив меѓу толку скаменети лица, да се биде слободен во кафезот на изгубените души, да се биде заљубен во пламенот на изгорените срца, да се биде победник во очите на ѕверовите, да се биде ангел во кругот на светиот оган, да се биде дел од сегашноста со слики од минатото, да се биде дел од фантазијата со одраз во искршените огледала, да се биде дел од сонот меѓу забите на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Кажи ми, чедо, дали сѐ уште го сакаш. Тој, како што велиш, ангел во човечки лик.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
11. Филозофе, Филозофе! Човек во телото, ангел во душата!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
О Филозофе, човек во телото, ангел во душата!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
О, Филозофе! Човек во телото, ангел во душата, мудрост неисцрпна!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сонуваше ли рај и ангели во проѕирна свила?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со зборови празни врз студен мермер песна ќе пишам, а ти ќе ја читаш со солзи и тага Високо горе во небото сино со ангели в оро ќе „СЛАВИМЕ“ ТАГА...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)