Кај оваа особено сензитивна сфера во трудовото право, која во минатото беше предмет на голем број измени, од кои повеќето, разбирливо, на штета на работниците, во периодот на нашата анализа дојде до само една промена, која за жал, повторно донесе намалување на правата кај оваа материја.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Плаќање на работата Кај онерозноста (правото на работникот на плата за извршена работа) во периодот на нашата анализа дојде до 4 измени и тоа: ● се воведе нова диспозитивна одредба со која работодавачот може на работникот да му исплати и 13-та плата, но само доколку тој има таква можност за исплата (чл.24 од ЗИДЗРО/септ.10); ● со носењето на Законот за минимална плата во Република Македонија,31 терминот „најниската“ повеќе не се употребува во внатрешната легислатива и е супституиран со терминот „минималната“ (чл. 25 од ЗИДЗРО/септ.10); ● беше воведена обврска за работодавачот на работникот да му ја исплати платата на начин утврден со закон,32 но за сметка на ова 30 Закон за пензиското и инавалидското осигурување (2012), Сл. весник на РМ – 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 31 Закон за минимална плата во Република Македонија (2012), Сл. весник на РМ – 11/12, 30/14 и 180/14. 32 Кај нас постои посебен Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994), Сл. весник на РМ – 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 170/13, и 139/14.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)