аманет (имн.) - на (предл.)

Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се вратил крај Езерото почитувајќи го аманетот на својот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А таа им рече: - Аманетот на мажа ми за среќа не бил, но белки за добро арен ќе биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му оставил аманет на пријателот да му ја чува вереницата. Поминувале денови.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)