Лапај и грабај, утре ако сака и попот нека не покрие. Алчност и проклетство. Да.“ „Раскажувај.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Современиот играч, заробеник на жестокото темпо, го плаќа данокот на својата алчност и неблагодарност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И песната, и луѓето, и нивната цел, сѐ, и несвршената караница, се оддалечувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Своето ЈАС го заборавив зад себе, носен од помислата „МОЖАМ ПОВЕЌЕ“ -и секоја стапка поблиску до успехот а за нив, рушење на сите градби од нереални идеи, фрустрации, неконструктивни закитени со синџирите од алчност и лакомост... правејќи заговор како да нѐ спречат?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сите трагедии отсекогаш
се случувале поради алчност
и непрепознавање
- дома.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сликовитиот пример на Б.А. е еден од оние кадешто јасно е скицирана грчовитата борба на обесправениот македонски работник во нашата вечна транзиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа оваа жена- борец е пример за бескомпромисност и бестрашност во борбата за ра- ботнички права против богаташите-капиталисти, без притоа да се изгуби гордоста и достоинството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)