Што ако успее алхемијата
на претворањето
на Нештото во Ништо
жигосувањето на живо?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Авторите, разграничувајќи ја алхемијата на тоа време, ги создаваат и најдобрите романи во светот, како Иво Андриќ, Маркез ...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Навистина сѐ беше изменето од алхемијата на тоа нешто што беше се случило во него. Тоа објаснуваше сѐ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во Алхемијата на буквите тој пишува: Je notai l’inexprimable (Го бележев неизрекливото).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)