алузија (имн.) - на (предл.)

Во рамките на Дишановото сугерирање на кабалистичкиот принцип, и покрај тоа, може да се забележи и алузијата на точно одредените текстови на Атанасиус Кирхер, познат германски исусовец од XVII век, теолог, ерудит и негувател на тајните науки од кабалата па сѐ до египетските мистерии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секоја распознатлива алузија на него е смртно опасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да не си случајно... - уште не ја ни доврши мислата, Томо сосема јасно ја разбра алузијата на Славица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Алузијата на Ружа постигна стопроцентен ефект.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Х.Х. не успеа да ме исфрли од тишината ни при најголемите провокации, филувани, одвреме-навреме, со неумесни комплименти, со алузии на моите блиски во Албанија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Следуваат алузии на неколку наизглед „природни” карактеристики на секојдневни искуства, стекнати во тек на раното детство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Според нив, поимот ‘sozethaia’ - во релација со попознатиот корен на ‘soma’ и ‘соматското’ - адекватно се однесува врз човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и по својот конституционен принцип (ребрата, што, прицврстени со нашиот ‘рбет, оформуваат повеќе од алузија на затвор со цврсти, поврзани решетки!), телото е непосредна асоцијација на кафезот, затворот, ќелијата. Стапица за птици!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако уводничарот имал намера читателите да ја сфатат хумористичната поента на карикатурата, тогаш сигурно очекувал без никаков проблем да ги забележат и многуте алузии на машкото геј- културно градиво на кое пред малку се осврнав. ‌Ова само по себе сведочи за појавата што цело време ја викам геј- иницијација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јасна беше алузијата на Кисинџеровата стратегија на малите чекори чиј заложник стана своевремено Арафат во Женева.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во крајниот хоризонт, можеби се крие простор за збор. Но тоа е толку неизвесно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше јасна алузијата на Дарвиш за судирот меѓу медитеранската природна екстаза во ова парче на Езерото и историјата и зборовите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога останува стеблото без плодови, неблагодарните луѓе (алузија на придружбата) заминуваат. Трагаат по друго стебло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
________ 21 Алузија на Аристофановата комедија Жаби, пишувана „за да се спаси Атина“ ( Српско издание на Матица Српска Белград 1978,93, Македонско издание на Три, превод на Весна Томовска) 22 Томас Стернс Елиот, “Чиста среда“, цитирано според Izbrane pesme, Beograd, Rad. 1977,69 Новогодишна елка -псалм- Ќе го донесеш и тој дел од светот дома.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
_____ 7. Алузија на книгата од Марина Цветаева
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
______ 5. Алузија на исказот и теориските погледи на Пол Валери за прозниот говор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И „криптограмите“ исто така лесно можат да бидат алузија на Тот, кој не само што го „измисли“ графичкото претставување туку и, како што видовме, самите криптограми. Тоа е очигледно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Останува прашањето што значат тие алузии?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)