алтернатива (имн.) - на (предл.)

Ставот за јазикот изведен од когнитивната наука како и херменеутичките филозофи нуди алтернатива на традиционалниот дуализам ум- тело, за создавање на психотераписки приоди кон овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Развеаните страници на ракописот беа како знамиња на еден постојан отпор да му се наметне спасоносна алтернатива на балканскиот егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие се алтернатива на претераното нагласување на рационалното, умственото, визуелното, во западната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби зборовите на олеснувачите (уште еден патетичен збор во оваа патетична ситуација!) дека нема алтернатива на политичкиот договор се единствената вистина среде овој лавиринт од лаги...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)