Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)