алатка (имн.) - го (зам.)

Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)