алат (имн.) - и (сврз.)

Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На ред беа турцизмите со кои се именуваат разните алати и направи што се употребувале од поголемиот дел на населението.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој запре на следните општопознати заемки од оваа област како: алат, направа за работа, прибор инструмент (од арапски alat); бикчкија, остар чевларски нож за кроење кожа (од турски biki); казма, копач, лопата за копање (од турски kazma); токмак, вид чекан од дрво (од турски tokmak); фалака, валака, направа за мачење со која се врзувале и рацете на оној што бил осуден на казна тепање (од арапски falaka); чекич, чекан (од турски eki); ченгел (од персиски engel); алка (од арапски halka); бурма, прстен (од турски burma); и почесто со исто значење заемката чивија (од турски ivi); калем, молив (од арапски kalem); тебешир, креда (од персиски tebeir).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ, се чинеше, си донесоа со себе: и умеење и алат и решеност, сите работи сами да си ги свршуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)