акција (имн.) - во (предл.)

Сега тој води ДТП студио и има акции во кафуле за здрава храна).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога се изморил од тоа, влегол во бизнисот со здрава храна, отворајќи 11 различни (и многу успешни) деловни единици на Ковент Гарден (повеќето од нив сè уште работат, иако со тек на време се оддалечиле од Сандерс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Работникот Љ.Н. од Скопје (сега 50-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено работно време во „Охис“ АД – Скопје, фабрика од хемиската индустрија со доминантен државен пакет на акции во која, само во неговиот погон, имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
166 Љ. Н. против Охис Спор за неисплатени плати1 Praemia quisque labor, optat habere sua. Секоја работа си сака да има и своја награда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од тој терен се овозможувало и преземање на оружени акции кон Полог (Тетово-Гостивар); Втората македонска ударна бригада да дејствува во реонот на Тиквеш и Гевгелија со преземање офанзивни акции во правец на Кавадарци и Демир Капија; Третата група баталјони, составена од баталјоните “Стив Наумов” и “Христо Ботев” добиле задача да ја преминат реката Вардар и да се пробијат низ источна Македонија и по пристигнувањето во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава да се спојат со јужноморавските и единици на Космет.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Така, во пролетта на 1876 започнале востанички акции во с. Разловци, Малешевско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Подготовките ги раководел Димитар Поп Георгиев Беровски, а учествувал и неговиот дедо поп Стојан.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Успешното изведување на походот (31.I - 22.II.1944) претставувало пресвртница на војнички план во корист на единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од 25 април до 19 јуни 1944 окупаторските воени единици презеле низа офанзивни акции во реонот на Поморавјето и во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Пролетна офанзива особено на удар била изложена Првата македонско-косовска ударна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Предвид биле земени Југославија, Грција, Бугарија и Романија, а додека акцијата во однос на Албанија била прекината поради што Албанија не била земена предвид.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При ваквата положба во гратчето ретко кој би се осмелил да преземе акција во која би морале сите да се ангажираат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На 2 август 1941 год. кај манастирот Свети Илија над с. Велгошти, до Охрид, бил единствен говорник на Илинденскиот митинг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По враќањето во Татковината веднаш избил на чело на револуционерните акции во Охрид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но ете животот сакаше да го качи направо на воз, и тоа патнички од трета класа (ако се изземат покриените товарни вагони со шибер врати и горни прозорчиња за 40 војници или 7 коњи, со кои одеа на младински работни акции во секој вагон по една чета, со половина леб и една паштета, а ноќе матарки вода кога преспиваа на попатни станици по отпатни колосеци).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Налик на кинематографски Џенифер Бартлет (Jenifer Bartlett), Гринавеј поставува секоја можна варијација на темата вода, од најлитерарна до најапстрактна, за да создаде кумулативен ефект. (...) Иако ниту една не е експлицитно прикажана, Гринавејовата реинтер­претација на “Бура” содржи три суштински нови идеи. (Сите се објаснети во придружната книга, исто така насловена “Книгите на Просперо”, којашто се смета за иконографски толкувач на филмот.) Првата е да се прикаже Просперо како еден вид драмски писател со натприродни способности, којшто симултано ги пишува дијалозите, ги одигрува сопствените делови и деловите на другите и ја произведува акцијата во филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го заменил генералот Вацлав Комар, главен организатор и реализатор на грчката акција во Полска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не би сакал јас да сум тој што ќе ја доведе акцијата во прашање. Ме разбирате...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во 1868 година со Сојузнички договор и со Воена спогодба за оружена акција во Турција, Србија и Грција горните преговори за поделба на Македонија ги санкционираат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи тие ограничувања нѐ принудуваат на некаква форма на комплетност. [...] Сега, Геделовата теорема може да се сфати на следниот начин: ако нашите (човечките) акции во некоја смисла ја опфаќаат комплетната логика, тогаш таа логика мора да е неконзистентна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако, на пример, преминуваме преку улица и ни наидува некоја кола, нема да можеме долго да опстанеме ако ни треба долго време за докажување на некоја теорема, пред да одлучиме дали е вистина или не, дека најдобра акција во тие околности е да останеме каде што сме или да скокнеме настрана.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ударнички, онака како што, по кажувања, се работело на доброволни работни акции во комунизмот (и на работа во капитализмот), имав сила и невидена упорност на која би ми позавидел и најголемиот ’рвач, Зума.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дружината Neue Slowenische Kunst го дефинира својот колективизам во рамките на автономната држава, како уметнички акции во времето, на коишто сите други просторни и материјални постапки на уметничкото создавање им се подредени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Арафат уште во залезните години на животот, кои неумоливо исчезнуваа, с повеќе се оддалечуваше од својата милитанта акција во корист на мировната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше тоа да се случи во својот живот чиј залез го насетуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Алтернатива е пазарното стопанство и демократијата да ги внесат своите акции во една перспектива на развиток.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Музика на промени 1-4 (1951) е обемно дело настанато врз основа на одлуките донесени со консултирање на Ји Џинг за тоа какви звучни модели ќе бидат користени (поединечни звуци, сложени звучни структури, акорди) и во кој однос ќе бидат со параметрите-траење, темпо, динамика и др.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова дело е пресек на различните искуства во поранешните композиции ( појачувањето на “малите” звуци со помош на контактни микрофони и со вметнување разни предмети - кибритчиња, жица од клавир и влакненца од четкица за заби - во звучникот на микрофонот, влече корени од Собна музика, додека нус-продуктите на системот за појачување на звукот како брум, шум, микрофонија, се повратна спрега на електронската верзија на случајните звуци и шумови од 4’ 33’’, и како такво, делото најмногу се приближува до Кејџовиот идеал на театарот како уметничка форма на хаосот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Електро-акустичната верзија на 4’ 33’’ со име 0’ 00’’:4’ 33’’ бр.2 се состои од дисциплинирано изведување на една не-музичка акција во полето на високото појачување на звукот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаат постојано акции во училишето и во дворот, па и пошироко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секојдневните борби и ослободувањето на градовите во Македонија биле топ-тема во дневните весници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа бил оној момент кога настанал целосен пресврт во однос на носителите на борбените акции во Македонија, каде што започнале операциите за нејзино конечно ослободување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го разведруваше и на друг начин го засилуваше гласот кога ја споменуваше Партијата и нејзината акција во атеизацијата на земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прва крупна и успешна динамитна акција во Македонија пред Солунските атентати била извршена од Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сарафов го одобрил нејзиниот план и се согласил да ги финансира нејзините динамитни акции во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Авторот за првпат дава краток систематски преглед за динамитната акција во Солун и за првпат, врз основа на податоци добиени од преживеаните гемиџии Павел Шатев и Тодор Органџиев, дава кратка лична карактеристика за повеќе гемиџии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Особено педантно тоа го правеле тие што биле најмногу засегнати од атентатите, како што биле францускиот генерален конзул и грчкиот генерален конзул, кој во секоја револуционерна акција во Македонија гледала смртна опасност за грчките “интереси“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во средата на 16/29 април 1903 годна започнале главните динамитни акции во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како резултат на тие стремежи и настојувања, се дошло до изградувањето на заедничка платформа за акција во прилог на Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И навистина, зачудува фактот како можело со години да се подготвува една крупна револуционерна акција во еден толку значаен град, полн со странци и дипломати, голем поморско-трговски центар, каде што полицијата секогаш била будна и на штрек, прочуените Хамидови агенти да не се посомневаат и да не откријат ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Покрај тоа, според гемиџиите, нивната динамитна акција во Франција ќе предизвика најсилен одглас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зар заинтересираните големи сили немаат свои органи и информатори тука во Турција, пак ќе се информираат од задграничните претставници на ВМРО, и тоа во Софија, која - со право или не - се сомничи дека ги поттикнува сите востанички и други акции во Македонија?“198.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, Централниот комитет со тоа не се согласил и „сакаше да земе сѐ во свои раце и да осуети секаква акција во неговото седиште“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мерџановата група сметала дека динамитните акции во Цариград ќе бидат сметани од Европа како “анархистички“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И, наводно, ги сметале за опасни, бидејќи со нивните акции во Солун ја загрозувале најмногу од било што друго личната безбедност на ЦК. * Ако се исклучи ЦК, револуционерите што му припаѓале на Гемиџискиот кружок одржувале добри односи со Организацијата и одделно со нејзиниот најавторитетен член - Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Динамит немало толку колку што сакале да имаат, но сепак имало доволно за да ја изведат акцијата во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За сите овие лица, главно егзархиски службеници во Солун, по потекло Бугари, била туѓа и несфатлива секоја идеја за било каква акција во Македонија која што не би одела во хармонија со политиката на Егзархијата, односно со официјалната политика на Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа тој не се согласил со гемиџиите да ја изведат својата акција во толку неповолно време за Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Славе Мерџанов, Петар Манџуков и некои нивни другари веќе во Женева се определиле за индивидуални акции во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од друга страна, пак, Гарванов и неговите луѓе, изгледа, дошле до сознание дека било доцна за преземање на такви драстични мерки за спречување на гемиџиската акција во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)