Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Актерите ги читаат само репликите на ликовите што треба да ги реализираат, а управниците се однесуваат како да немаат ништо со светот и светските јазици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А Баге, како и неколкутемина суспендирани соработници од другите редакции, од тој пристигнат материјал драматизираа скечеви, дијалози и вицеви, кои потоа вештите актери ги говореа во микрофон со гарнир од студиска музика и наштимуван аплауз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)