аир (имн.) - од (предл.)

Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Никој не се ќердосал и не видел аир од грабење!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако не ме послушаш, аир од очите да не видиш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Батали жено, кој видел аир од земја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистина е дека ние не видовме на Балканот многу аир од минатото, но овде историјата беше најнемилосрдна на континентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кој видел аир од книги на Балканот, и тоа од толку многу книги?!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)