азбука (имн.) - на (предл.)

Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се разбира потврди Татко, но најмногу на ум го имал својот мајчин албански јазик чиј реформатор бил, ја употребил првата латинска азбука, која ќе биде конечно прифатена како конечна албанска азбука на Конгресот во Битола во 1908 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа тој долго читаше за кабалистите според кои совршениот јазик се криел во азбуката на Тората, како симболичен систем кој требало да се декриптира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како предмет на изучување на Древно Македонистика е следното: Двете древно македонски азбуки (јавната и тајната азбука) од древниот македонски дија- систем, подоцна биле основа за повеќе дериватни азбуки на некои древно македонски племиња, кои составиле свои варијантни азбуки, приспособени на своите наречја.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Однадвор беше посакувана жена во која се загледуваа и оние кои сѐ уште не ја беа совладале азбуката на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истовремено, во грчкото писмо суштествено се реформира старосемитскиот систем на писмо, затоа што воведувањето на посебни знаци за вокали го претвора старосемитското консонантно- силабичко писмо во, конкретно, алфабет, кога секој графички симбол означува одделна фонема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во преобразбата дојде до испаѓање на старосемитското sadhe од грчкото писмо и до создавање на неколку дополнителни знаци за одбележување на вокалите Грчката, латинската и кириличната азбука на Палатино, 1548 г. од грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тој одамна ја познаваше азбуката на идеите, на животот, а сега научените знаци само уште повеќе ја забрзуваа неговата луцидна мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)