Само Ристе Куков истури неброени зборови на адресите на жените, ќерките и снаите на чорбаџиите и си киниса уште нерешено прашањето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неколку графички конвенции се учат во училиште (како писмото треба да изгледа, како да се напише адресата на коверта, како да се постави научен експеримент или математички проблем); но не се подарува внимание кон учењето на општите принципи на визуелната организација на јазикот коишто би можеле да се употребуваат во различни прилики, ситуации и технологии.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа беше смислена како начин што ќе му овозможи на Винстон да ја дознае адресата на О'Брајан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Писмо од Белград. Кој ли ѝ го испраќа? - името и новата адреса на Рада беа отчукани на машина, без адреса на испраќач на позадината.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Благодарение на една нејзина пријателка успеа сосема легално да дојде до избирачкиот список и новата адреса на Саво и Снежана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Писмото, во писмо беше адресирано на адресата на неговиот другар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Задоволен од пантомимската претстава во изведба на страчката и мачката, авторот си го плати кафето и се упати на адресата на покојниот Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Другарчињата се подбиваа со Горан и Бобан додека беа мали, а подоцна им завидуваа, кога Роска за полнолетство ги „бркаше“ со клучеви од кола, а за среќен брак со коверта во која стоеше адресата на подарениот стан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На едно плико со марки со ликот на Ганди, на опачината пишуваше: Mr Zahoor Husain, Shop no 19, Luiza By The Sea, Cavelossim, Salcete Goa, Pin code 403731-India.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дома не беа ни татко ми, ни мајка ми, па морав сама да пробуричкам низ нивните фиоки за да ја најдам адресата на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
— Да му ја знам адресата на Господ, вели дедо...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа беше адресата на фабриката во која тој работеше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На него беше пречкртната адресата на затворот и запишано само дека е ослободен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Спорот на Авдиќ настанува како резултат превирањата во претпријатието и добивањето отказно решение поради наводна дисциплинска повреда, 3 од летото 1999 година – кое, всушност, нему никогаш и не му беше врачено, иако заменикот на генералниот директор (З. Андов), тврдел дека, уште во јули истата година, на Авдиќ му било испратено препорачано писмо за тој да се јави на разговор во управната зграда на друштвото во Велес на која средба тој не дошол, поради што против него била поведена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Отказот работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот, по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Отказот мора да ѝ биде врачен на договорната страна, на која ѝ се откажува договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа [освен во случаите на оправдано отсуство од работа] или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување – отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)