Тој беше угледен и висок администратор во француските железници, но козите и нивната судбина го исполнуваа целосно неговиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Работничката Деница Кирова од Велес (сега 57-годишна) е вработена во општинското Јавно комунално претпријатие „Дервен“ веќе 27 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А неа, Ристана Голушкоска, тогаш млада невеста и трудна со Димка, дури другиот ден, во време пладнина, ја најдоа жителите на Потковицата на мртво истепана и полуосвестена во тремот на куќата нивна и не смеејќи да ја однесат на доктор во Прилеп, се плаѓеа да не ѝ направат поголемо зло, сами ја лечеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете такви се фалените администратори во Македонија - од џандаро до жупано, сè само професионални убијци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Денес таа работи на позиција дактилограф- администратор во Одделението за водовод, кое според систематизацијата на работните места носеше вкупно 802 бода (вредноста на бодот е утврдена на 12,5 денари).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)