На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите адети ќе ги продолжиш. Ете така... - Нека да е така уште многу години, мајко.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)