агол (имн.) - од (предл.)

Гледам во книгата и вртам непрочитана страница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За миг се загледувам во седалцето во десниот агол од балконот. Ластовичките веќе го напуштиле.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најдолго стоевме пред казанџинската работилница „Тишина“, на аголот од каде што се расчаталуваа улицата на јорганџиите и улицата на тенеќеџиите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа најде една празна вреќа, ја посла во аголот од тремот, веднаш до вреќите со компирот, па ја пренесе тука срната и полека ја спушти на простирката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа утро, во аголот од големата сала на кафеаната, стуткан врз еден дрвен стол, потпрен со подланките врз масата седеше Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш Клара само седеше во аголот од собата, не кажуваше ништо, не одговараше на нашите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
(Излегуваат. По малку се враќа Христов. Тој внимателно ја затвора вратата зад себе и ја повлекува Неда во спротивниот агол од собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Рачката на дувалото стои тенка, јазлеста во полутемнината на аголот од оваа соба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само, на едниот агол од дворчето мора да има старо дрво зашто на него треба да биде закачен кристален лустер, од оние грчките, а од него светлината да паѓа врз маса направена од дрвени талпи, поминати само со една рака боја и доволно голема да собере барем петнаесеттина гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, сепак, во еден агол од неа, остана вртлогот на Ушќе каде што Сава се целиваше со Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, луѓето веќе престанаа да се вртат околу градилиштето, зашто смешната шапка од магла сосема нѐ криеше од нивните погледи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше четири цевки, по една на секој агол од кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден ти и една јас, еднаш во еден агол од една соба...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Еднаш јас љубев еден ТИ... Љубев и еден друг во аголот од твојата соба...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Неколку замрсени спомени висат како пајажини во аглите од ѕидовите меѓу нас.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
До самиот агол од училиштето мравките го изнесле своето житце од „амбарот" и го сушат на пролетното сонце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој секоја ноќ плаче во аголот од нашата соба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лев Петрович се поткрена. Сега седеше со плеќата потпрен на аголот од каучот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)