Токму затоа и „Ленка“ ги охрабрува незадоволните работници да покажат храброст, самопожртвуваност и активизам, па самите тие да иницираат формирање на свои борбени, бескомпромисни и автономни синдикални организации – бидејќи токму синдикализмот е најделотворната и светски проверена метода на работничка борба против самоволието на моќните работодавачи!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како што нагласува Сасен, нафтената криза од 1973 година ~ стави крај на оваа побарувачка, означувајќи го почетокот на денешната ера на сè позасилена емиграциска контрола и бесконечни политички дебати за емиграцијата.41 Бездржавјанството почна да стекнува поистакнато место на меѓународната политичка, безбедносна и хуманитарна агенда во почетокот на 90-те години, со распаѓањето на зголемен број на федерални држави и создавањето на нови држави по Студената војна, што стави друг акцент врз заштитата на раселување на населението.42 41 Peter Newell, “Global Challenges to the Future State,” Glo- balization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20peter%20newell.htm (accessed Novem- ber 8, 2006). 42 „Во тоа време, постоеше растечка загриженост дека распаѓањето на Советскиот Сојуз, Југославија и Чехословачка ќе создаде голем број на лица без државјанство и раселени лица, од кои многумина може да бараат да се преселат во Западна Европа. (...)Досега, сепак, активностите [на УНХЦР] беа силно концентрирани во Централна и Источна Европа.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Но, вистинските ангажирани и автономни „синдикати без лидери“ треба да се обидуваат да бидат што е можно повеќе хоризонтално и непосредно демократски организирани, па преку ефективни директни, ненасилни, непоколебливи и кохерентни акции, како и преку индивидуални лични примери достојни за почит, да го мотивираат своето членство, а и неодлучните работници – и на тој начин да работат на остварување на своите агенди во корист на работништвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дали воопшто треба да потсетуваме дека круцијалните права за кои работниците и работничките се изборија низ историјата (правото на осумчасовно работно време, правото на платен одмор, правото на штрајк и многу други) се остварени по пат на радикални судири на синдикалните, социјално освестени групи со газдите и државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)