Во своите анализи експертите на Форин офис сметале дека таквата федерација би требало да се формира под контрола на една од големите сили, па дури својот авторитет таа да го наметне и со помош на принуда.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)