Авторот се почувствува подутешен. Овој сепак можеби мисли дека се работи за чудо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Поетската диспозиција на младиот автор се одвива напоредно со изразитата смисла за откривање на такви животни вистини за кои до Живко Чинго во нашата прозна книжевност како да немаше доволно место.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа сепак не се оддалечи од него како што авторот се плашеше туку му даде време да се искаже ако во толку кратко време што и беше на располагање тој успее да го стори тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На премиерата авторот се виде единствен дојденец, па се почувствува како крадец во туѓо лозје каде што останала само јагурида.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На крајот од расказот, авторот се исповеда: „Најлошото од сѐ беше што ми се пушеше, а немав кибрит со кој би ја запалил цигарата, ниту пак смеев некаде да застанам да го купам“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Авторот се исплаши дека видливо му се вцрвенуваат образите од посраменост.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)