Камионите и автомобилите ги возеа луѓе од крв и од месо, луѓе што имаа вид и слух и имаа сопствени желби, луѓе што имаа возачки дозволи и полиси за осигурување, ги возеа роботи што се тркаа по патеките, раководени од сили што тие не ги познаваа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Познавачите на срцето на автомобилите ги советувале да возат и само да возат оти застанувањето може да ги одвои од патот и од зацртаната цел.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
До Селишта со автомобил ги одвезе Заим, син на газдата на “Дабов лад”, кој во Драчево на Авни му ја исплати договорената сума за десетдневниот ангажман на двете жени во нивниот мотел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Црни автомобили ги блокираа улиците каде што минуваа демонстрантите а полицајците се нафрлија врз нив.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)