Колку и да ја озборуваа селските жени по селото, тоа и беше и не беше некое чудо, ама еден летен ден, ужина време, ете ти го еден нејзин близок роднина со автомобил со ковчег одзади и со заамкана курбла на моторот напред, брчало, како што го завикаа брезничани, и кое кога посилно ќе го завртиш, автомобилот збрчува, почнувајќи целиот да се тресе како куче оставено на дожд.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)