Моторите веќе бучат. По малку авионот се крева во пространото небо. Мими е
уморна од патот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Елеазар бен Цви ги гледа тие слики на уште една жртва на предците, ги гризе сувите усни и ниша со главата опфатен со ужас додека во затемнетиот коридор на авионот се слуша длабоко дишење на патниците, а над Атлантикот владее длабока ноќ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
VI Авионот се вивна во небеските синевини на Медитеранот. Под нас остана еден цел свет кој се нарекува и колевка на човештвото, средиште на цивилизации, татковина на човештвото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Знакот беше топлиот чај врз твоите панталони, но кој би помислил на тоа додека авионот се тресе, јас, еве најискрено ти кажувам, не.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Веруваше, на пример, зашто така ги учеле во училиштето, дека авионите се изум на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Навидум, разговорот беше најобичен, секој од нас се сеќаваше на по некое име или детаљ од некогашниот студентски живот, иако некако разгалено (можеби затоа што сеќавањата беа индиректни, без заемно учество).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)