Улавееја сурферите низ разбранетата минливост и со начучулени уши залепени на даските очекуваа први да го слушнат големиот абер од големиот бран.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Кај Томо очајот растеше од ден на ден. Секој втор ден доаѓаше дома со надеж дека ќе ја сретне Рада, или ако ништо друго очекуваше абер од Душка која ќе го израдува со нова вест.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше време кога во градот крај реката идеа абери од родниот град крај езерото за интернација на блиски, за затворање на овој или оној од семејството без никаква вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А Марко го изгледа и се замисли:
„Повеќе ќе е црн абер од ѓаволот, не од Алах”, рече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Еднаш се вратив без абер од неа. Ама јас имам нешто важно да ѝ кажам и морам да ја видам“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
10 Некој тропна на вратата од собата на Томаица. Томето скокна да отвори, веќе неколку дена чекаше абер од Петар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не стигнуваше ниту абер од роднините од преку блиската граница.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)