Христос (имн.) - му (зам.)

„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На словенскиот народ, којшто беше во незнаење и греовен мрак, по милоста и човекољубието на Господа, нашиот Исус Христос му стана пастир и учител.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
- Христос му рекол: Вистина ти велам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Христос му рекол: - Вистина ти велам, оваа ноќ уште пред да пропеат петли, трипати ќе се одречеш од Мене...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Но Христос му одговорил: - Јас што правам сега, ти не разбираш, но подоцна ќе разбереш...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)