Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Едно време Турците за овие села поставија таксидер, некојси Тефик.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патријаршистите се признаваат од Турците за Грци-уруммилет, а од Србите и Бугарите за Срби и за Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)