Турчин (имн.) - кој (зам.)

Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Разбрале Турците кој го отепал Лумановиот татко и, сеќавајќи се што може да се случи, го чувале малиот сѐ додека тој не пораснал задоен со омраза кон македонското население.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А најлошо од сѐ, вели пашо, е што и јас ќе бидам за нигде никаде без неа, и не знам што ќе ви е таков Турчин кој не ќе биде кадарен за ништо”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Впрочем, кому би му паднало на памет да изеде гладно африканско дете, пожолтен Кинез, исушен Турчин кој пуши по сто цигари на ден, или несреќник кој масакрирал луѓе на Балканот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)