Притоа, не станува збор ниту за некое подоцнежно вметнување на спорната одломка во текстот на житието, затоа што истиот текст се јавува во секој од околу 50 списоци на житието.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
До средината на II век Словените биле познати под името Венети и живееле на територијата околу Балтичкото Море, Карпатите и долините на реките Дњестар и Дњепар.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)