Знаеш зошто не се плашам? Зашто гледам дека не сме сами’.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му велам: ’Немој да се плашиш. Во домов Господов ти велам, Севишниот ќе ни дарува мислост’. ‚Не се плашам, татко’, ми вели.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттаму се смее мојата сестра со искрена и добронамерна смеа, ако токму неа, не успеав да ја врзам во брачни врски, како ни себе си; за неа само еден Господ знае зошто, за себе знам: имав добар избраник, немав асална цасаментера, не бидува сам да си шадхан за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Добро ли е?“ - вели сестра ми која ме знае како дишам. „Добро е“, ѝ велам, „ќе даде Севишниот ќе ги врзам и нив, кутрите чедни души!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)