Понатаму ќе забележи дека „не е на нас и на нашите грчки пријатели овде во САД да полемизираме за идните граници на Македонија“, бидејќи тоа „прашање, без сомнение, може и ќе биде решено од самите Македонци во сите три дела на земјата, преку соработка и со пријателска помош од нова Југославија, нова Бугарија и, (ние се надеваме), нова Грција“, а желба на сите Македонци во САД, како што истакнува Г. Пирински е да се најде „пријателска солуција која ќе биде задоволителна и за Македонците и за сите демократски балкански народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, на тој пат, како што пишува Г.Пирински, „покомплицирано е прашањето за Грчка Македонија, каде што силниот прилив на Грци од Мала Азија и протерувањето на голем број Македонци очигледно го промени етничкиот карактер на тој дел од Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)