Евреин (имн.) - на (предл.)

Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе.  Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Евреите на нашиот остров се грчки државјани. Тие се добри, мирољубиви, работливи луѓе и јас лично, како чистокрвни Закинтјани ги сметам за дел од моето стадо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план.  Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Проверките што ги направија по официјални канали навеаја извесност дека Цви не е во Једи-куле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)