Грк (имн.) - од (предл.)

Во почетокот на 1950 година кај нас стигнуваа малобројни групи Грци од земјите на народната демократија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз нас најчесто шинел или излитено ќебе или ништо. Под мојот шинел лежевме двајца. Јас и Вангелис, Грк од Тесалија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме на „Осма линија“, а другарите да ти бидат на „Деветтата“. „Осма линија“ е целата со Грци од Кавказ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За него, Грк од Египет критиката вели - умеел да го оживее минатото во своите песни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)